Вкусен полнет леб и одличен начин да го искористите заостанатиот леб. Инаку се прави и во други варијанти, потпечен со кашкавал и маслинки, со лукче итн, зависи што имате во фрижидерот.

Потребно е:
сирење
кашкавал
врат
маслинки
оригано
путер

Подготовка Засечете го лебот на парчиња, но не до крај. Додадете парчиња сирење, врат и бело сирење меѓу парчињата. Ставете малку путер измеѓу и одозгора. Додадете сецкани маслинки меѓу парчињата. Додадете малку оригано. Завиткајте го лебот во алуминиумска фолија. Ставете го за печење во загреана рерна околу 15 минути на 200 Ц. Отстранете ја фолијата и печете уште неколку минути. Тоа е тоа.