Плејмејкерот на прволигашот КК Пелистер – Бобан Стајиќ во серијалот „Слободни фрлања“

од December 6, 2020 0 коментари

Втора епизода од серијалот „Слободни фрлања“ со Никлеман, а овој пат гостува плејмејкерот на прволигашот „КК Пелистер“ од Битола – Бобан Стајиќ.

Собраните средства од успешните слободни фрлања се донирани на сметката на Елизабета Бабунска, мајка на 2 малолетни деца, која боледува од карцином на желудник, на која и е потребна значителна сума на средства за лекувањето во Турција. И гостинот Бобан Стајиќ се вклучи со своја донација.

Никлеман и гостинот упатија апел до сите општествено одговорните и хумани компании да ја поддржат оваа емисија со што би се донирале повеќе средства онаму каде што се потребни.

Прилог испратен од Никола Митревски и Скопје24.мк кои ги поздравуваме.

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *