Ова јадење е всушност кинеско или адаптирано од кинеската храна. Уживам да го подготвувам и да го јадам и секогаш правам поголема количина за да можам да си извадам репете, па ако ми остани и за наредниот ден – тоа е среќа голема.
Обично за приготвување користам паралелно 3 рингли и за половина час, јадењето е готово.

Потребни состојки:

500 г пилешки стек
густин
сол
црн бибер

200 г рендана зелка
2 рендани моркови
1/2 главица рендан кромид
2 чешниња лук

соја сос
2-3 пакувања нудлс

Подготовка

Исечкајте го пилешкиот стек на мали парчиња, посолете и побиберете и секое парче испрпелкајте го во густин. Ставете го да се испржи убаво од сите страни.

Истовремено, подготвените зеленчуци ставете ги да се запржат, зелката треба да остани малку крцкава, а другите зеленчуци да омекнат.

Откако стекот ќе се запржи, додадете го на зеленчуците и продолжете кратко да пржите заедно.
Бидејќи нудлсите се варат за 3 минути, можите да ги сварите сосема на крајот.
Готовите нудлси додадете ги на зеленчуците со пилешкото месо, додадете соја сос и промешајте. Ако има потреба, додадете уште соја сос, но не претерувајте.

Сервирајте топло.

Рецептот го испрати Гордана Аџиева-Михајловска

www.macedoniancuisine.com