Од меѓународниот камп “Патоказ кон помирувањето 2019”
Денешниот ден започна со посета на манастирот во село Слепче , во околината на Демир Хисар . Во манастирот бевме пречекани од страна на монахињите кои ни ја раскажаа историјата и традицијата на манастирот, но и начинот на неговото функционирање . Добивме дозвола и да ја видиме внатрешноста на самата градба исполнета со голем број икони и фрески , кои се одлично сочувани .
Како и обично , имајќи ја целта на проектот , продолживме со еден заеднички разговор , повторно на тема антисемитизам, но и национализам, за различните националности, за дискриминацијата помеѓу нив на нашите простори . Секако, секој од нас имаше право да го искажи своето мислење , кажувајќи и примери од лично искуство.
После враќањето во Битола, дружбата продолжи со едно кратко попладневно кафе .
За вечерта , планирана е заедничка вечера , а после вечерата ќе биде прикажан филм од претходно споменатите теми и ќе се организира и дебата за истото .