Празнично, како дел од активностите поврзани со Новогодишните и Божиќните празници, и оваа година се реализираа акции со кои ќе се стоплат души на многу семејства од различен социјален ризик, а посебно на дечињата во тие семејства. Како еден од иницијаторите и учесниците во нив е и охриѓанецот Димче Каневче кој преку неговата волонтерска добротворна мисија во повеќе општини, меѓу кои е и Битола, донира 365 новогодишни пакетчина.
Акцијата #ЕлкоЕлко2022 ќе содржи 2 активности, првата поделба на симболични 365 новогодишни пакетчиња, што сакам да асоцира дека децата кои се од посиромашни/сиромашни семејства, децата со еден или пак малкуте кои ги знам без родители, децата на улица, децата на корисници на наркотици, децата со попречености и разни болести, секојдневно заслужуваат внимание, а уште повеќе потреба да им се помогне. Овие пакетчиња, со мојата асистентка и лева рака Ана, која делува ад хок, најчесто позадински, ќе ги поделиме во Битола, Ресен, Охрид, Струга и Дебрца.
Дополнително, за 100-тина дечиња кои немаат можност да уживаат во празничен амбиент, а не се дел од некое формално или неформално здружение, ќе организираме неколку средби, во различни локали и објекти, при што децата со еден пратител, ќе добијат празнична закуска, подарок и пакетче.
Овие акции се замо дел од она што го правам за овие семејатва, не само сега и не само за празници.За семејствата континуирано обезбедувам пакети со прехранбени продукти и средства за хигиена, комплет топли оброци, уреди за следење настава и училишни ранци полни со прибор, облека и обувки, поретко и покуќнина.
Иако сум од Охрид, не ретко спроведувам активности и во Битола, посебно кога лично ќе ми се обратат и кога навистина има потреба.Неодамна, убава акција реализиравме во Ресурсниот Центар Кочо Рацин во Битола за лица со попреченост. Имено за децата, на мојата добротворна роденденска забава, обезбедов парични средств со кои набавив јоргани, перници, постелнина, пижами, долна облека, средства за лична и орална хигиена, средства за одржување на хигиената во домот, средства за дезинфекција, природни сокови, прехранбени продукти за готвење во кујната, прехрамбени слатки и солени продукти за децата, школски прибор, играчки.
Исто така во домот однесовме и 8 компјутери, а уште три таблети поделивме на деца кои од дома следат настава поради нарушеното здравје.Голема количина памперси, средства за хигиена, прехрамбени продукти, играчки дониравме во Домот за доенчиња, а иако не многу голема, сепак значајна е бројката на пакети храна и палети со облека… на крајот завршува Димче.