oznorCO_vivi

Денес во малата сала на Домот на културата со почеток во 18.00 ч. се одржа промоција новото книжевно дело „Атлетиката во Битола“ на битолскиот хроничар и голем вљубеник во спортот Димче Миновски.

На промоцијата присуствуваа околу 60-тина битолчани меѓу кои и битолската газела, познатата битолска атлетичарка госпоѓа Вера Вељановска.

Од подиумот на малата сала заеднички упатија апел до надлежните и новите битолски власти дека е крајно време да се подобрат условите за развивање на овај спорт во Битола со професионална тартан атлетска патека во склоп со самиот стадион, а со тоа и враќање на убавите времиња сѐ со цел негување на здрави и успешни млади генерации битолчани кои ќе го следат и придолжат нивниот успех .

Битола од денес е побогата за уште едно монументално дело од областа на спортот, за што ние на авторот и неговите поддржувачи ќе им бидеме вечно благодарни.