Правната клиника при Правниот факултет- УКЛО, организира традиционална хуманитарна акција наменета за деца кои живеат во тешки услови.

Станува збор за деца, кои иако биле добри, изминатите години Дедо Мраз не им донел пакече под елката.

Со оваа акција, амбициозните студенти сакаат да им покажат дека убавите мигови постојат, дека секој треба да сонува и да верува во соништа, да им дадат на знаење дека не се заборавени и бескрајно да ги израдуваат. Ги повикуваат сите компании и сите добронамерници да им помогнат и оваа година да ја постигнат нивната цел.

ВАШЕТО МАЛКУ, НЕКОМУ ОВАА НОВА ГОДИНА ЌЕ ЗНАЧИ СЕ!

Детската радост и насмевката се бесценети. Затоа, ајде да ја направиме Новата година да биде среќна за сите дечиња. Секој кој сака да донира, повеќе информации може да добие на следниот линк:

https://www.facebook.com/events/954008822177749/?ref=newsfeed