Учениците кои го избрале дуалниот модел на стручно образование општообразовните и стручно-теоретските предмети ги следат во училиште, додека за практичното образование се распределуваат кај работодавач со кои училиштето има потпишано мемоморандум за соработка.
СОЗУ „Кузман Шапкарев“ – Битола во соработка со „Синпекс“ – Битола, од оваа 2021/2022 учебна година, нудат ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ за профилот АГРОТЕХНИЧАР.
Агротехничарот, контролира операции за примена на основните техники при работа во полјоделското, градинарското, цвеќарското, лозарското и овоштарското производство; правилно подготвува земјоделски машини и материјали за растително производство; применува системи за обработка на површините за производство на земјоделски култури, начини и техники на сеидба, садење и расадување, мерки за нега на земјоделските култури; применува принципи на органско земјоделско производство и можностите за преминување од конвенционално во органско земјоделско производство; спроведува пропишани технологии за работа, контрола на зоохигиенски и микроклиматски услови во објектите за чување на животни; контролира пропишани мерки за исхрана на сите видови и категории на животни, млечност, прираст и несивост, условите за безбедно складирање и чување на производите од сточарското производство; учествува во изработка на план за работа, земање примероци за анализа од сточарски производи и сточна храна; води матична евиденција за животните, за продукција на животните и примена на принципите на органско сточарско производство; контролира операции за примена на основните техники при работа со земјоделска механизација. Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Оператор за растително земјоделско производство, Оператор за сточарско производство, Оператор за земјоделска механизација, но и на други занимања, согласно со стекнатата квалификација.
Кои се вашите придобивки, прочитајте ТУКА.
Извор Зелена Берза