ПАРИ ИСТРАЖУВАШЕ: БЕСПАРИЦА ВО КЛУБОВИТЕ ВО ФУДБАЛСКА МАКЕДОНИЈА

Во време на пандемијата со Ковид 19, фудбалската репрезентација на Македонија успеа да обезбеди место на Европското првенство и да напише историја. И додека репрезентацијата бележи напредок клубовите продолжуваат со секојдневието борејќи се со проблемите кои се актуелни со години, а главно се од финансиска природа. Речиси редовно преживувајќи на граница менувајќи ја фудбалската карта, парите се тие кои ги движат сите работи така што секој денар плус на контото на крајот од годината доаѓа како бонус.

Последните две сезони беа уште потешки од обично. И додека 2019/20 финишираше предвреме откако првенството беше прекинато уште во март, а шампионот прогласен по административен пат без да се доиграат сите натпревари, последната сезона 2020/21 заврши регуларно. Шкендија е нов шампион, битолски Пелистер е скроз преполовен во финансиите и тоа од 478.000 во 2019г. на 245.000 во 2020 г. и останува со борч према УЈП над 7 илјади евра.

Добивката за време на 2019 г. била околу 48.000 евра додека во 2020 г. се влегува минус 106.000 евра.

Целосната анализа на нашите соработници pari.com.mk ТУКА.