Невообичаено високите температури на воздухот кој се во склоп со невообичаено топлата воздушна маса која продира од северните предели на Африка ќе се задржат и утре кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени.
Меѓутоа веќе вечерта земјата ќе ја покрие северно воздушно струење кое ќе услови северен ветер и постепено заладување на времето, додека утре среда под влијание на влажен воздушен бран од југ, на повеќе места ќе има повремени врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет и локално се очекува воден талог до околу 10 л/м2.
Во вечерните часови и во текот на ноќта кон четврток ќе има услови за сосема слаби врнежи од снег кој ќе врни и на некои места со надморска височина од под 1000 метри.
Максималните температури во среда ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.
Од четврток во утринските часови понекаде температурите ќе се спуштаат под нулата.
Подготви Славчо Попоски