По неколку часа поминати во операциона сала 22 годишно момче доби срце од донор, 20-годишна девојка чиј живот прерано згаснал во сообраќајна несреќа. Нејзиното семејство одлучило да направи добро дело и да ги донираат органите на својата ќерка.

Во тимот на доктори кои до раните утрински часови оперираа во Клиниката за кардиохирургија учествуваше и нашиот битолчанец Дејан Димитровски,

кој е кардиохирург во Државната Кардиохирургија.

Хируршкиот конец, везе Историја! Рано утрово пулсот на Државна Кардиохирургија во својот омилен “sinus rhythm”! Доказ дека секое “срце” е душа, и само ако така лекуваме тогаш оваа наша професија вечно ке пулсира со успех ! Втора трансплантација на срце во Македонија! 17.04.2021- пиши на официјалната страна на ЈЗУ Универзитетска Клиника за Државна Кардиохирургија.

Фото, текст ЈЗУ Универзитетска Клиника за Државна Кардиохирургија

Обновено 19.15 ч.

И битолчанка која живее и работи во Скопје како анестезиолог е дел од овај тим. Се работи за д-р Јасмина Илиевска која учествуваше и на првата трансплантација на срце. Поздрав до сите и благодарност до Билјана за нејзиното инфо.