Името Милтон Манаќи е познато и надалеку надвор од Битола. Тој е наш прв филмски снимател, но малку кој знае дека Манаќи држи уште еден рекорд прв во Битола донесол велосипед и тоа пред повеќе од пет децении. Велосипедот бил од италијанско производство.
Во 1907 година кога низ градот можеа да се видат повеќе велосипеди, кај Милтон Манаќи се раѓа идеја да се основа велосипедски клуб. Клубот го носеше името „Спорт“ а неговиот прв претседател бил Манаќи.
Непознат извор, исечок од весник