Младиот австралиец со македонско потекло од битолското село Лажец, 13 годишниот Даниел Лазаревски, деновиве улови рекордно голема и тешка туна од 150 килограми.

Ова не е негов прв улов, но е дефинитивно најголем, пишуваат австралиските медиуми кои наведуваат дека уште во 2016 година заедно со неговиот татко ја улови првата своја туна капиталец од 116 килограми и влезе во архивите на светските рекорди како 10 годишно момче.

Даниел е инаку син на познатиот македонски фудбалер од Престон Македонија, Ник Лазаревски.

Сега го подобри својот рекорд и очекува наскоро да му се верификува и да ја добие заслужената награда од неколку десетици илјади долари.
Браво Даниел…

Поздрав до Џим Ристевски од Австралија за споделување на веста