Малите уметници започнаа со своите уметнички вештини низ Старата битолска чаршија

од May 24, 2018 0 коментари

Во текот на вчерашниот ден е отворено 37-то издание на „Битолски Мал Монмарт“ кое ќе трае до 30 мај.

Манифестацијата започна со отворањето на 36-та Светска изложба во објектот на детското ликовно студио Св. Кирил и Методиј во Старата битолска чаршија.

Годинава Светската изложба влезе за првпат во програмата на Министерството за култура како културна манифестација од посебно значење за Република Македонија.

Организаторот вели дека е задоволен од добиената помош од Министерството за култура и од Општина Битола.

Текст извор Тера ТВ

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *