На свои 12 години го освои третото место на натпреварот по англиски јазик „Hippo 2018“ кој што се одржа во Лидо ди Јесело во Италија.

Симеона Стерјева е 6 -то одделение во ОУ „Гоце Делчев “ во Битола. На натпреварот во Италија кој што се одржа на 12, 13 и 14 мај годинава, а на кој што учествувале 22 илјади натпреварувачи од 30 држави во светот, таа беше единствената македонка што успеa да се пласира во финалето и да го освои третото место.

-За мене ова претставува поттик уште повеќе да го изучувам англискиот јазик. На овај натпревар учествував и минатата година, но не влегов во финале.

Затоа сакав и оваа година да земам учество на натпреварот. Со многу напор, со учење и со повторување на материјалот секој ден стигнав до финалниот натпревар и го освоив третото место, рече Симеона Стерјева.

Повеќе на Тера ТВ

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here