Компанијата која се понуди да откупи 75% од ФК Пелистер Maximo Desarolo Limited од Лондон, Велика Британија е финансиска компанија (ЛТД) , која можи во секое време да земи средства (пари) и да оди во стечај кога сака, без обврски кон побарувачите. Едноставно кажано можи да земи милиони и да изврши ликвидација без да има одговорност и никој нема да те гони бидејќи такви се законите во Велика Британија, но потоа ќе има проблеми доколку сакаат повторно да отворат фирма или компанија.
По нашите проверки оваа компанија не се наоѓа во регистарот на заштитени компании од Централна Банка на Велика Британија , што значи нема некоја цврста гаранција доколку некој би уплатил пари или има некое побарување.
Регистрирана на 21.05.2019 г. но со работа започнува во 2020 г. и досега во позадина нема некој бекграунд или успешно менаџирање и купување на фудбалски клуб поврзан со оваа компанија. Компанијата има сѐ освен сертификат и гаранција, нема регистрирација во FCA (Financial Conduct Authority) која ја штити државата и FOS (Financial Ombudsman Service) кој ги штити клиентите.
Maximo Desarolo Limited е основана од двајца шпанци со половина милион капитал кој е само на хартија со датум на регистрација 5-ти Март 2019 г. Нашиот битолчанец, некогашниот фудбалер на ФК Пелистер Бруно Пресилски влегува во неа пред неколку дена и тоа на 29-ти јуни 2021 година.
На фејсбук наведената компанија отвора страна на 10-ти Август 2020 г. и има само 7 допаѓања и освен што се погрижија да имаат убава веб страна и мобилна апликација повеќе инфо не успеавме да откриеме.
Од искуствата кои ги имаат нашите финансиски експерти овие фирми се случни со тие кои работат со криптовалути, поседуваат капитал, префрлуваат пари а не се регистрирани е малку симптоматична за водење на бизнис што не значи дека со неа нашиот клуб не можи да биди купен и дека можи да испадни нешто позитивно за сите нас.
Која ќе биде крајната цел за ова трансакција, дали сето ова ќе биде успешна приказна за нашиот клуб кој опстојува како ФК Пелистер од 1945 г. и порано да оставиме на времето да покаже бидејќи е подолг временски период на колена. Сето тоа не е поради нас туку заради лошото менаџирање на лица кои повеќе гледаат бизнис и личен приход отколку негово успешно функционирање.
Добро би било и споменатиот поранешен фудбалер да се произнесе околу сето ова за доброто на нашиот клуб и конечно да означи еден старт на успешен развој на фудбалот во Битола.