Со новата сообраќајна студија ќе се регулира сообраќајот во централното градско подрачје на Битола предложена од друштвото за проектирање 24 ИНГ Дооел Битола по барање на Општина Битола.
Со студијата се предвидува едната пешачка зона да го зафати целиот паркинг пред Саат Кулата од ул. Јорго Османо до Булеварот 1-ви Мај, додека сообраќајот ќе биде еднонасочен и пренасочен од ул. 11-ти Октомври (црквата св. Димитрија) према ул. Цар Самоил и понатаму. На ова место обележано со црвена боја нема да постои платен паркинг.
Додека другата пешачка зона е кај Епинал и ќе се протега од седиштето на Сдсм се до некогашен ЈАТ, семафори кај Гроздот. Тука плоштадот Гоце Делчев станува плоштад и нема повеќе да биди паркинг зона.
Во студијата се предвидуваат и велосипедски патеки, во еден дел со еднонасочен режим.
Ова се неофицијални информации и конечната одлука како ќе биди понатаму останува на надлежните во Општина Битола.