Глобалната пандемија на КОВИД-19, го разниша светот. Секојдневието ни стана поинакво…И во овие моменти кога светот стана хаотичен и се стана неизвесно, она што е реално и вистински важно ни стана појасно.
Променетиот начин на живот е одамна секојдневие за децата со нетипичен развој и нивните семејства.
Токму затоа оваа година традиционалната предновогодишна хуманитарна акција им ја посветивме токму нив.

Правната клиника на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, иницира предпразнична хуманитарна акција. Средствата кои ќе бидат собрани, ќе бидат наменети за пет (5) деца, ученици од Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот – Кочо Рацин во Битола, кои меѓу другото доаѓаат од семејства кои се наоѓаат во тежок социјален ризик.

Секој кој сака да донира и да добие повеќе информации може слободно да се обрати на следните контакти:
-Ивона Шушак Лозановска (Битола) 078/342-115 | [email protected]
-Ана Џима (Битола) 071/381-452 | [email protected]
-Наталија Атанасоска (Прилеп) 075/948-866 | [email protected]

Оваа акција е отворена до 22.12.2020 година.

Донациите првично ќе бидат наменети за набавка на технички уреди и училишен прибор потребни за успешно следење на наставата, прилагодени за соодветната состојба на децата.
Дополнително за децата од заводот ќе бидат припремени и новогодишни пакетчиња во број и обем зависен од успехот на хуманитарната акција.

За момент запрашајте се?
Кои сме ние како човечки битија доколку ги игнорираме страдањата на другите?!
Донирајте и придонесете заедно да им овозможиме и на оние кои не можат да си дозволат, празниците да ги поминат во топла атмосфера со насмевка.

Чувајте се!

Линк до настанот ТУКА