Македонскиот суперлигаш Еурофарм Работник замина за Норвешка каде ќе го игра реванш-натпреварот од Челинџ купот против екипата на Филинген, а желбата е да се направи подвиг и тимот да се пласира во наредната фаза од клупското натпреварување.

Битолскиот тим беше дебитант во европските натпревари, а во првото коло го мина литвански Каунас. Во второто наиде на Филинген, а првиот меч во Битола го загуби со 22-25. Избраниците на Темелковски подготвени отпатуваа кај ривалот со лет Скопје – Осло – Берген, а желбата кај нив е голема да се направи изненадување и да се донесе историски клупски успех.

Натпреварот кој се игра во рамки на осминафиналето на Челинџ купот е закажан за в сабота, со почеток од 16.00 часот.

Повеќе од галеријата и инфо на Гол.мк

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here