Во околината на Битола и битолско Св.Трифун се празнуваше многу богато. Без оглед какво ќе било времето кон секое лозје се упатуваа домаќините со бовчалок полн со јадење и пиење, како што му доликува на овој светец.
Откако ќе се зарежеа три лози и ќе се поставеше pженичен крст од околу ЗО-тина стебленца, натопени во воденичарска крстена вода, се попрскуваа лозите за побогат бериќет. Првата голтка од паурот со ракија му припаѓаше на домаќинот на куќата и лозјето. Низ целата околина од лозјата ечеа гајди, шупелки и баботеа тапани, па се развиваше оро околу бовчалокот со јадење. Потоа седнуваа сите и се даваше блосов за родна година и бериќет, во смисла:

„Добро ти дојдовме, домаќине. Да ти е здрава и жива фамилијата. Годинава нека е аирлија и бериќетлија. Колку зборови, толку добрини. Сполај му на Св.Трифун, да помогни!” А домаќинот одговараше: „Бог и Св.Трифун ве чул. Да сме сите арни, да се видиме и облажиме на гроздоберо.

Повелете на ручекот и пијачката!“.
Во лозјето се става јајце (симбол на плодноста). Тоа јајце беше првото јајце кое беше вапцано на Велики Четврток и е оставено на поличето пред домашната икона. На Ѓурѓовден, пред сонце, се закопуваше среде лозјето. Вака Св.Трифун то празнуваа лозарите од селата Брусник, Лавци, Буково, Крстоар, Бистрица, Олевени, Канино. Породин, Велушина, Драгош, Граешница и надолу селата од Леринско.

Сеќавање на Донка Тодоровска Трпковска (1906-1994) с.Канино опишано од Д.Д.Такец во “Перформансите на Широк Сокак”.

Фотографии непознат автор

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here