Новиот систем на натпреварување ќе ја остави Македонија со само еден тим во Лигата на шампионите, по подолго време.

По денешната распределба на местата во Лигата на шампионите, извесно е дека Еурофарм Пелистер ќе игра во групната фаза на Лига Европа. Место во ова натпреварување обезбедија уште Висла Плок, Мотор Запорожје, Бешикташ, Адемар Леон, Шафхаузен, ГОГ Гудме и Спортинг Лисабон.

Епилогот за комплетните учесници во Лига Европа ќе биде позната на 13 јули, а ждрепката е планирана за крајот на месец јули.

Клубовите кои добија „вајлд-карта“ се: ПИК Сегед, Елверум, Динамо Букурешт, Целје, Пововарна Лашко, Мешков Брест и Нант. Резерви се Динамо Букурешт и Висла Плок.

Директно во групната фаза место обезбедија Вардар, Барселона, Киелце, Кил, Флензбург, ПСЖ, Веспрем, Алборг, ППД Загреб и Порто.

Ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите е планирана за први јули.

РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР