Пред неколку дена во болницата Плодност, Битола се породија тројки од програмата на ИВФ. Породувањето е завршено со царски рез во 35-тата гестациска недела, а породени се две машки и едно женско бебе.
Породувањето го направи дежурната екипа д-р Марија Христовска и д-р Христијан Трпчевски, неонатолог д-р Маргарита Камбовска, анестезиологот д-р Трајан Ивановски и дежурните медицински сестри од повеќе оддели во болницата.
„Ова е трета тројка годинава. Една пациентка од Струга се породи пред два месеци на ГАК во Скопје, а другата од Кочани во Систина. Во овој момент има мајка која носи тројка и бебињата во 21 гестациска недела“, вели д-р Христијан Трпчевски.
Во однос на самата ИВФ постапка, кај мајките се вратени по два ембриони. Во два случаи, едниот од нив се подели на два еднојајчани.
„Процентот на тројки изнесува 3 промили, односно 3% на 1000 новородени кај пациенти кои се оплодени со ИВФ постапка. Сега истиот процент е намален на 1,3%, будејќи враќаме само два ембриони, со цел да се избегнат компликациите кои може да ги даде повеќесложната бременост“, потврдува прим. д-р Таше Трпчевски, шеф на одделот за хумана репродукција и сопственик на приватната болница „Плодност“ Битола.
На гордите родители кои се од Струга и добија тројка, тимот на ИВФ и целиот персонал и посакува срекно и успешно родителство.