Вториот тим на Еурофарм Пелистер го декласира Вардар 1961 насреде Битола

од October 30, 2021 0 коментари

Каков меч во Битола. Актулениот македонски го потцени вториот тим на РК Еурофарм Пелистер, дојде комотно, но наиде на силен отпор. И не само тоа, туку беше совладан со 27-26 за прв пораз оваа сезона.

Она што не им успеа на Жељко Бабиќ и ѕвездите, им успеа на ракометарите на Александар Јовиќ. Вардар на оваа средба поведе само еднаш, на стартот со 0-1, во преостанатиот дел беше немоќен.

Атанасијевиќ имаше шест гола, по четири запишаа Кузманоски и Петковиќ, кај гостите Георгиевски и Моралес имаа по шест погодоци.

Извор и повеќе ТУКА

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *