Со оглед на моменталната состојба, по улиците има се повеќе изгладнети бездомни животни. Црвен крст, Општинска организација Битола освен секојдневните активности со достава на храна и лекови, како и донација за ранливите категории на социјално загрозени семејства, помисли и на нив. Волонтерите ги полнат хранилките за бездомните кучиња на повеќе локации низ градот во координација со здруженија за заштита на животните.
Во соработка со здружението за животни Мали херои и Зоолошката градина во Битола, донираше за користење, кафез за престој на миленици додека се лекуваат во ветеринарната клиника во с.Кравари.
Благодарност до Pet Shop Prijateli – Пет Шоп Пријатели!

Црвен Крст Битола