Противпожарната заштита на Балканот започнала од Битола кога на 20.05.1836 г. била основана првата противпожарна служба уште во времето на Румелискиот пашалак за време на владеењето на турскиот султан Махмуд III.
Единицата без прекини во континуитетот работи до денес, а интересно е и тоа што и по повеќе од половина век ја зачувала истата местоположба од левата страна на реката Драгор.
Првата противпожарна единица имала 15 вработени пожарникари од кои само еден бил муслиман како шеф и 14 македонци. Оваа ППЕ за гаснење пожари на самиот почеток располагала со една противпожарна пумпа.
Битолската територијална противпожарна единица е најстара во Македонија и Балканот и до 2005 год. беше под МВР, додека сега работи во склоп на Општина Битола.
Фотографии Зоран Кардула