Маките на битолчани во 60-тите: Само едно шишенце киселина за гостите во ресторанот Македонија

од May 19, 2020 0 коментари

Другар уредник,

На 7. VIII. 1968 година отидовме на појадок на чорба во ресторанот „Македонија“. од како ни донесе чорба, го замоливме келнерот да ни донесе киселина. Но, додека ни го донесе шишенцето со киселината, кое беше скоро празно, чорбата веќе остина. Му направивме забелешка на келнерот за тоа што само со едно шишенце ги служи гостите, а тој дрско ни одговари: „Прашајте го директорот“.

Mи ce чини дека ваквиот однос на келнерот и на одговорните на „Македонија“ кои се должни да ги обезбедат сите потребни средства за услуга на гостите, го расипува угледот на овој наш реномиран ресторан во градот.

Борко Узуновски за Битолски Весник

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *