Дали ја познава некој Лилето на Гоце, брачеда му беше на Коче шо се дружеше со Љупчо на Васко, шофер шо беше во Шеќерната, на Васето од Камен Мост му беше брат. Е стрико му на Васето беше женет за Љупка, касиерка беше во Драгсторот, син му Диме учеше со Дијана на Летка шо му беше брачеда на Марето, тетка му на Пеце . Тој Пеце имаше сестра другарка беше со Блага на Ѓорги, работеше во Тапарата, другари беа со татко му на Јосиф, на Елка чичко му, Поштарот го викаја на прекар. Долу на Иван Милутинович живееше кај Ване гулаби со чуваше со Жолтио на Крсте син му, снаата негова му беше брачеда на Лилето .

Ја знајте Лилето?

Како не ја знајте , па сега ви кажав која е Лилето.

А Гоце ? Гоце е мажот на Лилето

Добри луге се . Комши сме .

Во иста зграда живејме.

Имале станче од синдикатот даено па го продале купиле малку поголем .

Имат две чупиња .

Велика Ристосија и Јованка …по бабите и некоја тетка на Лилето . Тргни му есап.

Абе не се лоши луѓе , ама викат по цел ден , Лилето по Гоце , тој по децата , ама денес па кој не вика .

Тука се за арно за лошо . Ко нема поарни и тие се таман .

Лилето , џадија невидена е. За сите се знај .

Не дај господ да ја налути некој за нешто. На цела Битола кајсивеш му знај . Кој кога каде како.Права Генималка .

Непара ја бива за домакинлук , ама се труди …еве сега за Велигденот ја гледам цела шашардисана , не и се погодил козињакот , јајцата неуба боја .
Го пуштила Гоце да му купи нова боја а тој завалијата се нашол со комшијата Коле , иста болест имат мерак на шишето, мотокар . Па кај Ристо пред Гранапче по некоја бира. Зумбули се напрајле. Ни боја за јајца ни палидрум.

Го сретнав во влезот , една џумка на чело ,компир. Цел крвјосан , дроп сарма напраен .

Викам шо вака бе Гоце , Лилето нешто да не те удри .

Не бе вели вика Лиља се дери та , две се прај ама не мава .

Вели со Коле , кај Ристо пред Гранапче понекоја бира па си тргнав накај дома вели ко ми се снеарни , ми се стемни пред очи па ко се испрај тој асфалтот ко ме зеде в чело , абе дандало ми го зеде.

Му велам Гоце бе многу викате со Лилето , многу цела зграда ве слуша.

Абе комшија вели шо да ти речам Пиши Попе една куќа улај луѓе.

Ах бе Гоцка викам , пази сега Лилето па ќе вика. А боја за јајца му купи ? Леле вели ке ме отепа, кој ке ја слуша сега .

Гоцка велам со помин да е .

Шо напараја како напраја не разбрав. Туку Еве ти ја Лиле приквечерта носи некое парче козињак , да пробам . Пилипитка , в уста не се клава .

Не ја бива , ич не му фака телевизоро за готвење …

Ноќта пред Велигден од балкун Гоце вели ..комшија Ај за многу години Христос се Роди , Лилето дофрла , Воскресе море токмак . Во јануари се роди .

Не замервај си го испи умот . Си пие Гоцката , мерак е. Ама добра душа има.

Реков ќе ги викнам на ручек за Велигден тие да не се сами , јас да не сум сам .

Се дуздисаја и дојдоја .

Аман бре комшија како си спремил синкир Царо Грчки го пречекваш вели Лилето .

Ај помина денот , пред бегање Лилето вели ај да станиме Гоце да одам да се спремам. Ау велам кај мори Лиле со Господ напред вака касно , ова време .

Ааааа вели ке одам на Спровод со другарките од ГениМале , секоја година така .

Велам мислиш Провод Лиле?

Ах бре комшија , јас да мислев не ќе го земев Гоце , туку де ај другпат ке ти расправам .

Понеделникот после Велигден поручек касно си седам на балкун од нигде никаде еве ти ја Лилето на телефон .

Ајде комшија да дојдиш Ке си дајме со Гоцката по едно. Е нејсе ојдов и од врата радознал да разберам прашвам ајде за убо , шо е работата ?

Абре вели комшија убај вести.

Ни падна и нас секирата во медот Ај машала Лиле , за убо да е шо се деси .

Вели ај и на главче кај тебе , ја посвршивме Велика Ристосија . Ајде викам со среќа . Кажвај де Лиле , А шо секирата , медо …шо е муабетот ? Викам сватојте, зетот нешто зафатени се . Приватен бизнис имат ? вели Лилето абе комшија каков бизнис – Комбајн имат.

Се дамлосав . А велам шо луѓе се , шо фамилија .

Вели асли грацки се . Во Битола идат секој Вторник и петок .

Баш градски се …кај ја паркират колата на дулие?

А велам Гоце , како се вика зетот бе …вели аааа Кристофер.. Ах бе Гоцка како Кристофер Колумбо а…

Не ,вели како Овчаровски …од Обедник се !

Ни да се смејш ни да плачиш.

Нејсе …

Туку денес ја гледам Лилето се расчистила од саба саба , куќата на стапо крената сватојте ке и идат денес .

Дофрлам Алал Вера, домаќинка си …Каква Вера вели Лиле сум …

Е не знам како ке поминат со сватојте . Дали ќе се погодат .

Знам дека сте азер да разберите , и јас исто .

Штом разберам ќе ви кажам.

Ама немој многу алашвереш да прајте .Со дикат .

Рекла казала не, да не ми ја расипите калимерата со Лилето и Гоце .

Ај сега за убо да е , за арно …

Шо си рековме си рековме , тука да остани.

П.С Во мала лага голема вистина.

Сите настани и личности се измислени

Сашо Краљ