На Националното првенство за средни училишта кое се одржа во Куманово, вчера нашите АК ОЛИМП атлетичари остварија одлични резултати и тоа:
Христијан Котевски освои второ место во севкупен пласман во дисциплината 400 метри – мажи
Јана Стефановска освои второ место во севкупен пласман во дисциплината 800 метри – жени
Наталија Чона освои петто место во се купен пласман, а прво во својата група, во дисциплината 100 метри – жени
Стефан Туловиќ освои шесто место во севкупен пласман, а прво во својата група, во дисциплината 100 метри – мажи
Дони Петличковски освои осмо место во дисциплината 800 метри – мажи
Христијан Шаклевски освои дванаесетто место во севкупен пласман во дисциплината 1000 метри – мажи
Честитки за нашите атлетичари и за нивниот супер тренер Демир Даутовски.
Натпреварот беше во организација на Федерација на училишни спортови, помогнат од Атлетска федерација на Македонија.