Годинешната евровизиска претставничка на Република Црна Гора или на Монтенегро како што официјално стои во најавата е згодната Владана Вучиниќ од Подгорица. Песната која ќе ја пее на натпреварот во Италија е всушност нејзината вистинска животна драма. Владана ќе ја интерпретира на англиски јазик, a ја раскажува својата семејна трагедија. Се се случи минатата година во најжестока војна со смртоносната корона. Тогаш од короната и почина нејзината мајка.

Тоа беше голем емотивен удар за Владана, а од смртта на мајка си, разбирливо дека се уште не може да се опорави. Но, многу мал број луѓе знаат дека мајка и на Владана била всушност Македонка, родум од Битола. Владана како девојче долги години живеела во Македонија, па од тука го знае македонскиот јазик. Својот скорашен евровизиски настап, Црногорката ќе го посвети на својата почината мајка Македонка, од Битола. (Д.М.)

Извор Вечер