Нашиот битолски мотокросист Зоран Каранфиловски Ќаме го освои 9-то место во првото возење и 10-то во второто возење на трката во Тројан Бугарија од БМУ Европскиот Шампионат во мотокрос.

Го извлеков максимумот на домашната трка за бугарските натпреварувачи кои ги имаше во голем број и прокнизжив вредни бодови за мене во Шампионатот.

Благодарност до МФМА – Македонската Федерација на Македонија за тоа што ни обезбеди документација и помош за патување.
Благодарност до моите спонзори:
НОВОМАТИК
Астра Казино
Адмирал Казино
Конти Хидропласт и до мојот клуб Мото Клуб Мотори и
Здружение на моторциклисти Ѓорги Стефановски Битола за поддршката… ни пренесе Зоран Каранфиловски Ќаме

Честитки за пласманот и освоените бодови, нашата поддршка за битолските мотокросисти продолжува и понатаму 👋👋👋