Бабам Битола, Битола стари фотографии, Градот на Конзулите и Тера ТВ. Точно една година заедно со вас и нашата Битола во минатото. Во екот на спортските случувања на нашата Македонска Репрезентација во ракомет за време на Европското првенство во Хрватска и денешниот натпревар на Македонија со Црна Гора од нас една фотографија од 1987/88 г. која е симбол на ракометот и ракометарите во Битола. 


Од 1985 па се до 1988 година или поточно три сезони РК Пелистер се наоѓаше на самиот врв во Југославија. каде заедно беа Јовановски, Цепенковски, Кочовски, Христовски, Здравковски, Јусуфовски, Стефановски, Јовиќиќ, Босеовски, Крстевски, Фестиќ, Јаневски, Атанасовски и др. Таа беше екипата заслужна за сето тоа. И тоа се прераскажува и ден денес…

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here