qrf_vivid

Бабам Битола, Битола стари фотографии, Градот на Конзулите и Тера ТВ секој понеделник заедно со вас и понеделничката доза фотографии од Битола во минатото. На следната фотографија е улично рекламирање на облека на сам Широк Сокак, фотографија направена од големиот Милтон Манаки и објавена во делото на Роберт Јанкуловски “Манаки-приказна во слики”. Инаку битолскиот Архив и Музеј располагаат со големо богатство на стари фотографии од фондот на браќа Манаки и други фотографи меѓу кој и големите Кермеле и Зега кои сеуште не се достапни за нас и пошироката јавност, а се значаен дел од нашата битолска историја…