Битолско минато

Со (ПЕТ)АР во ПЕТ(ОК)

Петар Ставрев

Специјално за Бабам Битола

Кога во 1998 г. Собранието на Р. Македонија донесе одлука за основање на Агенција за поттикнување на разојот на земјоделието беше големо изненадување, зашто дотогаш немаше нити една друга агенција освен во Скопје лоцирана во друг град. За прв директор на истата беше назначен проф. д-р. Трајче Дојчиновски кој веќе од 2018 г. е во пензија

Од формирањето на агенцијата па досега таа го оправда своето постоење, а Дојчиновски беше првиот што ги постави темелите за тоа. Потсетувајќи се на нејзиниот развој можеме да изнесеме дека таа има неколку регионални центри, работни единици и триесеттина дисперзирани канцелари кои и денес успешно работат и опстојуваат.

Инаку роден во 1951 г. во с. Кукуречани Трајче Дојчиновски заврши агро-економија во Белград, д-р по наука за менаџмент, бил вработен во неколку организации, меѓу кои и директор на ООЗТ “Даме Груев” во ЗИК “Пелагонија”. Проф д-р Трајче Дојчиновски беше и професор во Битола, Охрид и Штип, претседател на извршниот совет во Битола и началник на министерството за земјоделие во овој град.

Отворање на Агенцијата за земјоделие од страна на министерот за земјоделие Киро Докузовски

Тој е и познат планинар кој во 1998 г. со група битолчани се искачи на Монт Блан а во приватниот живот е родител на ќерка (Весна) син (Велчо) кој живее во Австралија каде по објавување на книга за Че Гевара лично беше примен од претседателот на Куба, Фидел Кастро.

Средба со земјоделци кај претседателот Киро Глигоров