Првиот пролетен ден, се сеќавам летавме со трчање по угорните скали за накај Крк Кардаш. И тоа само со една мисла. Да се возиме на рингишпилот горе високо над Битола,
да ги разгледуваме играчките кои една до друго ќе беа наредени од проматарите и се разбира, незаборавниот вкус на шеќерната волна
и зашеќерените јаболка на стапче.
Вкус кој ме потсетува на моето убаво и безгрижно детство кое за среќа и денес по втор пат го поминувам заедно со моите деца.
И колку и да остарам, никогаш нема да престанам да ги јадам, можеби од срам малку со затскривање, ќе поткраднувам од нив…
Ниту за сите пари на светот, луксузи и лажни мечтаења, не сакам да го пропуштам ова чувство кое ми кажува дека сеуште сум жив, додека сум со мојата фамилија, на најубавото место-таму горе над градот…
Добре дојде пролет, за многу години празникот да ни е!