Изминатиот период публиката во Скопје и Охрид уживаше во концертите на Каролина Гочева, на кои го промовираше новиот албум „Извор“.
Концертна промоција на новиот
албум ќе се одржи и во Битола и тоа на 27 ми и 28-ми март, во организација
на Авалон Продукција.
Битолската публика ќе има можност да ги слушне деветте нови песни од Извор кои Каролина за првпат ги изведе на концертните маратони во Скопје. Покрај овие песни ќе бидат изведени и дел од Македонско девојче.

Насловната корица на албумот „Извор“ ја краси портретот на поп пејачката, насликан од нејзиниот сопруг, познатиот уметник Михаил Корубин.

Текстот на песните е на Весна Малинова, една од композициите е потпишана од Весна Петрушевска, музиката е на композиторот Никола Мицевски.

Извор Тера ТВ