Златните раце на битолчанката Зора Долеска ја пресликаа Мајка Богородица на стариот орев во дворот на Манастирот св. Јован кај Германски

од October 23, 2020 0 коментари

По уредување на дворното место во Манастирот Св.Јован Богослов – Битола кај Германски, битолските добронамерници наидоа на ореово стебло кое беше видно оштетено . Заради зачувување на дрвата и шумскиот мирис кој е многу пријатен во дворот на Манастирот, делот каде беше оштетено (болно) дрвото го исчистија и со помош на златните раце на битолчанката Зора Долеска внимателно со резба на истиот дел е пресликана Мајка Пресвета Богородица која на самото дрво и даде нов лик и живот.

Резбата на ореовото стебло е заштитена со восок и сега таа претставува најубав и најскапоцен дар .

Отворена е поканата до сите верници да си повелат на ова место и да го посетат ова свето дело и да се надеваме ќе има уште многу убави свети дела кој ќе не радуваат во иднина .

Бучук Кристина Јанкуловски

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *