Една од најпопуларните области денес е несомнено ИТ. Огромните можности за развој и прогрес кои ги нуди таа индустрија ја прават и најпривлечна. Сведоци сме на сѐ поголемиот број млади луѓе кои одлучуваат да започнат кариера во техничките науки. Не е ни чудно што во последните неколку години бројот на студенти во Македонија на техничките факултети е драстично поголем отколку на општествените. До пред десетина години тоа беше незамисливо. Огромната побарувачка за кадри, покрај младите студенти, сѐ повеќе ги мотивира и оние кои имаат изградено кариера во друга област да се пренасочат во ИТ.

Дали и ти размислуваш за кариера во ИT? Дали си подготвен да започнеш кариера во ИТ уште денес? IWEC ти нуди најголем избор на обуки кои ќе ти помогнат да стигнеш полесно до работа во најпосакуваните компании на пазарот на трудот. Во нашата широка палета на обуки ги издвојуваме Академијата за компјутерски науки и развивање софтвер, Обука за интегратори, и Обуката за Јава.

За кого се наменети овие обуки?

– Академијата претставува сеопфатен и темелен начин на изучување на основите на ИТ и е наменета за сите кои сакаат да ги совладаат основите по внимателно испланирана програма, пренесена од експерти со долгогодишно искуство во индустријата кои работат во најуспешните ИТ компании во Македонија.

– Oбуката за интегратори всушност се фокусира на една од најпопуларните области која едноставно кажано работи на спојување на повеќе системи во еден, и помагање тие системи да работат без проблеми. Интеграциските алатки се итекако популарни, а експерти кои работат долги години со нив ќе ви помогнат да изградите кариера во интеграции со користење на алатката SnapLogic.

– Обуката за Јава е наменета за сите кои сакаат да ги продлабочат знаењата за еден од најбараните и најпопуларните програмски јазици денес – Јава. Експертите велат дека Јава е основа на се, па така ова е одлична можност да го изучите најбараниот програмски јазик на пазарот на трудот.

Дали си подготвен за кариера во ИТ? Не се двоуми и започни денес. Уписите се во тек: iwec.mk.