Кога сме кај битолските донатори кои тоа го прават од срце мораме да ги спомниме БАГЕТО – домашна кујна од Битола. За другите училишта не знаеме ама за ОУ св.Климент Охридски добивме инфо дека секојдневно му доставуваат донација пакет од различни производи за ужина за дечињата кои потекнуваат од социјално загрозени семејства. Тие самите не се фалат, ама наше е тие шо се општествено одговорни да си ги пофалиме и нека се множат! Господ повеќе нека им враќа. Секоја чест.

п.с. Ова не е платен маркетинг или ПР текст, ова е големината на некои од нас битолчани кои за жал на прсти се бројат. Нека ова биде мал поттик и пример како треба сите да бидеме општествено одговорни.