Денес по повод 4-ти Ноември ослободувањето на Битола, Државниот Архив Одделение Битола за првпат во јавност го споделија Записникот од конститутивната седница на Народниот Одбор на градската општина на Битола од 4-ти Ноември 1944 год. и фотографии од денот на ослободувањето на Битола, кои се дел од богатата архива на оваа институција која најголемиот дел од своето публикување низ минатото го посветила на Народно Ослободителната Војна во Битола и битолско. Од тука се црпени материјали за многу други публикации на многубројни автори кои ја работеле оваа проблематика.

Како чувари на документарното наследство на државата го честитаме денот на ослободувањето на Битола, а на битолчани му поклонуваме неколку фотографии и документи поврзани со овај ден. Среќен роденден Битола!…објавија на нивната официјална страна.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Записникот од конститутивната седница на Народниот Одбор на градската општина на Битола од 4-ти Ноември 1944 год.

Прв митинг во Битола по ослободувањето. Покрај Драгорот, спроти сегашната општина.

 

Прв митинг во Битола по ослободувањето.“ Забелешка: на фотографијата се гледа старата зграда на чија локација беше изграден Архивот.

 

Група партизани, при ослободувањето на Битола.

 

Спасовски Мендо, с. Канино командант на трет баталјон на 7та македонска ударна бригада. Сликан на 04.11.1944 год. Од лево Бастеро, десно Кепески.