Во предвечерјето на ослободувањето на Битола, според кажувањето на Димитрије Бужаровски, неговиот дедо Стево, кој инаку бил многу вешт мајстор, му помогнал на Симон да го расклопат автомобилот Рено за да не им биде одземен. Моторот го скриле кај дедо Стево, а школката кај Цано, братот на Симон, но автомобилот никогаш повеќе не бил вратен во првобитната состојба. Ова го имам чуено и на една средба на баба ми со нејзиниот братучед Спиро Бундалевски, синот на Цано. По ослободувањето на Битола, на 4 ноември 1944 година, Симон се нашол во незавидна ситуација, и заради неговиот имот и финансиска состојба, но и заради блискоста со Бугарите. Според кажувањето на сестрата на баба ми, тој бил предупреден од соседите дека го бараат од полицијата и веднаш избегал од Битола и се скрил (најверојатно во Црнеец) (Кузмановска 2020а). Според описот на овие настани во разговорот со неговиот внук Димитрије Бужаровски, Симон Бундалевски добил абер од Лилјана Чаловска,
Симон Бундалевски напред во средина со бел капут. Автор и место непознати. Од личната архива на Дамјан Бужаровски
да не се крие и дека нема да биде прогонуван, бидејќи е потребен за изградбата на Радио Битола. Ова може да се потврди и од фотографијата датирана од 10 ноември 1944 година, во која се гледа тој со група луѓе во техничките простории на Радио Битола.
Втор од лево е Симон Бундалевски, во техничките простории на Радио Битола. Фотографирано на 10.11.1944 година, автор непознат. Од личната архива на Дамјан Бужаровски
Симон Бундалевски во врска со Радио Битола се споменува и во статијата на Википедија (2020) за Радио Битола како прво во техничките лица. При една посета на Димитрије Бужаровски со еден негов другар електроинженер Во 1979 година во домот на Симон Бундалевски, Симон раскажувал како морале да се снаоѓаат за деловите што им недостасувале и буквално да ги составуваат од различни остатоци од други електрични апарати (Д. Бужаровски 2020b). Преку искажувањата на Димитрије Бужаровски дознаваме дека, кога тој го запрашал зошто не продолжил со државна служба, Симон одговорил дека сакал да биде самостоен и да не зависи од никого (Д. Бужаровски 2020b). Од Симон Бундалевски постои уште една фотографија поврзана со микрофони и озвучување од некој собир на отворено, но за жал не може да се лоцира од кој период и каде е снимена. Според облеката и изгледот повеќе е веројатно дека е пред Втората светска војна.
Опис и раскажување на Дамјан Бужаровски во книгата “Семејството Бундалевци” , Скопје 2020