Таму каде што тишината вечно царува и заборавот господарува…двајца млади ентузијасти, трагачи по стапките на своите предци, кои со знаење и познавање на минатото на својот народ силно ја сакаат Македонија, решија да посетат едно многу свето место!
Можеби за некои сме лудаци, кои безделничат и лутаат по битолските стари гробишта, да најдат еден заборавен гроб, додека нашите врсници тераат модерен живот по битолските кафулина…но незабораваме дека некогаш и тие, нашите свети предци беа сметани за лудаци кога се осмелиле да се кренат против цела царштина и да извојуваат слобода!

Македонецот кој не го уништи ниту турскиот султан, ниту бугарскиот цар, а го уништија своите…Кратовчанецот, солунскиот гемиџија, оној кој се арчел за Македонија…денес почива на битолските светонеделски гробишта потполно заборавен од македонската држава…Јас и Христијан го пронајдовме гробот на овој македонски светец…и тишината која загосподарила над неговиот гроб ја разбивме со беседење за македонштината, а аманетот негов и на неговите соборци го исполнивме во целост: “Наместо споменик, нека таму каде што ќе загинеме, ни остават еден цвет со боја на срцето…”

Павел Поцев Шатев, веруваме дека од некаде не гледаш и си горд на нас!

Секој Македонец кој слушна за твоите дела, се поклонува на твојата личност!

Вечна слава!

На Павловден…

Текст: Горан Марковски.