Раководството на СЕХА Гаспром лигата одлучи во август оваа година да продолжи регионалната лига во ракомет, со четвртфинални натпревари, кои ќе ги дадат патнците на завршниот турнир во Задар од 2 до 4 септември 2022 година. Во периодот меѓу 8 и 25 август ќе се одиграат следните четвртфинални дуели.

Еурофарм Пелистер – Мешков Брест
Вардар – Нексе
Војводина – ППД Загреб
Татран Прешов – Веспрем

Во четвртфиналето ќе се одигра само еден натпревар, а домаќинот беше одреден со ждрепка. Така Еурофарм Пелистер на домашен терен ќе го пречека првакот на Белорусија.

Победникот од натпреварот Еурофарм Пелистер – Мешков Брест ќе се сретне во полуфиналето со подобриот од дуелот меѓу Татран Прешов Веспрем.