Во очекување на официјалниот датум на издавање и премиерата на новата книга од младата писателка Билјана Јана Божидар, автор на „Битолската империја на темјанушките“, ви го најавуваме: „WОЛФМЕН“.
WОЛФМЕН е роман, сага, затворска, со која главниот лик сака да ја долови секоја своја страна. Одблиску да му се долови на читателот како може еден млад живот да биде тотално, од корен изменет. И како плачот без солзи и притисокот може да го однесе човек каде не треба. Билјана е мануелен автор на ова мачно, реално, тажно ремек дело. WОЛФМЕН е вистинскиот автор на оваа сага.. Непроценлив подарок за млади луѓе кои слободно газат по земјиното тло.
Во овој роман ќе наидете на смеа, солзи, љубов, страв.. жал.. Бесценето богатство кое нема цена! Цела интима на бели страници! Неговото мото е: „Прифаќам се! Не очекувам ништо!”
Се надеваме ќе уживате низ страниците на оваа вистинска млада приказна на младиот човек со стара душа.
Сите средства од овој роман ќе се донираат во хуманитарни цели кои ќе бидат транспарентно презентирани. Нека го биде ова ремек дело, за да го биде и кога не ќе бидеме.
„Единствениот затвор е Умот. Се друго е обична соба“
И посакуваме многу успех на Билјана и со нетрпение го очекуваме издавањето на „WОЛФМЕН“. Навиваме!