sdr

Уште во текот на пладневните и доцните предпладневни часови територијата на нашата држава беше зафатена од влажна и нестабилна воздушна маса која се спушти од север и од северозапад и истата особено на југозапад и исток услови поројни врнежи од дожд, електрични празнења, засилен ветер а регистрирана е и локална појава на град особено на југоистокот од државата.

И понатаму поточно до самиот крај на денов ќе биде нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ со интензивен пороен дожжд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Нестабилното време со поројни врнежи и грмежи на повеќе места и тоа особено од пладневните часови па натаму ќе се задржи и во текот на утрешниот неделен ден кога повторно ќе има услови за локална појава на град а ќе биде и посвежо кога ќе започне да дува и северен ветер.

Максимумот на температурите на воздухот денес (сабота) ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени додека во текот на утрешниот неделен ден истите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени додека посвежо ќе остане на запад каде и усоловите за врнежи и грмежи ќе бидат најголеми.

Бидете и вие дел од најчитаните вести. Инфо ТУКА

Во Битола и Битолско имаше развој на нестабилност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер во текот на денешниот саботен ден.

Условите за нестабилност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе продолжат и утре (недела).

Максимумот на температурите ќе бележи тенденција на опаѓање и утре (недела) ќе се искачат до околу 25 степени а ќе дува и северен ветер.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја додека овчарите своите стада со цел да ги заштитат да ги делат во помали групи а исто така додека грми и се вршат електричните празнења домаќинствата да ги исклучуваат сите уреди со цел да не настане некоја несакана ситуација.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.