Битолчанецот Марковски, некогашен репрезентативец : Време е да се испише историја, верувам во оваа репрезентација

BITOLA TOUR GUIDE / ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА _____________________________________________________________________________________

Ракометната репрезентација на Македонија денес ги започнува настапите од втората групна фаза на Европското првенство во Хрватска. Нашите момци одиграа три одлични натпревари во Загреб, кои будат надеж кај македонската јавност дека оваа генерација е зрела да го направи најголемиот успех во нашата историја. 

Такво мислење дели и некогашниот репрезентативец, Иван Марковски, кој за нашиот медиум истакна дека верува во оваа генерација предводена од Раул Гонзалез и дека сега е моментот да се направи голем успех. 

„Македонија одигра одлична прва фаза и докажа дека може да се носи со големите репрезентации. Раул на најдобар можен начин ги користи квалитетите на репрезентативците и неговата смиреност и визија е нашиот адут и за оваа втора фаза. Сега без голем притисок треба да се насочиме кон следните противници (Шпанија, Данска и Чешка), кои имаат различен квалитет, повеќе или помалку атрактивни, сериозни, но не и непобедливи. Јас верувам во оваа репрезентација и во остварувањето на нашиот најголем успех досега“…
Повеќе на гол.мк

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here