Во текот на денешниот како и до крајот на овој ден под влијание на циклонот ФЛОРИЈАН времето во нашата држава ќе продолжи да биде доста нестабилно.
Поточно времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди иако уште во текот на претпладнето локално ќе има повеќе облачност и услови за слаб локален дожд.
Од пладне па натаму ќе биде нестабилно облачно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Локално како во текот на вчерашниот четврточен ден така и денес (петок) можно е процесите да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, позначително количество на воден талог за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.
Максимумот на температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Вчера (четврток) сведоци бевме на штети врз возила поради паднати дрвја, па затоа повторно ве предупредуваме да се придржувате на нашите совети во случај на надоаѓање на невреме да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја и исто така и автомобилите да не се ставаат во близина на дрвја со цел да не дојде до некоја штета.
Исто така во случај на електрични празнења домашните уреди да се исклучуваат од штек за да не дојде до нивно оштетување.
За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.