Големото влијание кое го има психологот како водич, поддршка и мотивација за еден спортист е од суштинско значење за постигнување на поголем успех, подобри резултати и постигнување на зацртаната цел.

Кога една личност за цел си има поставено физичка промена како слабеење, зголемување на мускулна маса или подобрување на општото физичко здравје, се започнува со ментална подготовка, одлучност, мотивација и решителност. Мотивацијата не е секогаш лесно да ја задржиме на високо ниво, и да не наведи на таков чекор конечно да почнеме со вежбање, трчање или било која физика активност која ја посакуваме. Во секојдневниот живот се среќаваме со голем број на дистракции, кои прават самите да се саботираме, а за сметка на тоа не правиме чекор кон подобар и поздрав живот.

Секоја личност е целина од повеќе аспекти кои го засегнуваат животот, и сме составени од повеќе психички како и емоционални процеси кои се подлога за се што правиме на свесно ниво, за одлуките кои ги носиме, за крајните цели кои си ги поставуваме и чекорите кои ги преземаме за остварување на истите.

Бодибилдингот е мојата страст која ја открив пред неколку години при работа со клиенти, и како повеќе се едуцирам за што се една личност носи во себе (црти на личност, карактер, темперамент, наследниот дел и околината на живеење), кога ќе направам една ретроспектива, сфаќам дека тоа е моја страст од многу рана возраст, кога на најразлични начини изведував физички активности, вежбав, трчав и се занимавав со спорт.

Денес, после 20 години можеби и повеќе, спремањето за бодибилдинг натпреварот за мене е голема страст, еуфорија и пред се голем предизвик да се покажам во подобро светло од минатиот пат и да си докажам себеси дека можам да ја постигнам таа цел. Низ тој пат открив дека многу ми е значајна консултацијата со психолог и личност која се занимава со менталното здравје. Секоја физичка промена започнува со психичка промена во нас, кога имаме јасно зацртани цели и поддршка од професионално лице до нас во текот на целиот процес, така резултатите се неминовни, а самиот процес на промена е многу полесен.

Бодибилдингот, мојата голема страст, ме научи дека зад секој успех стои длабока ментална подготовка и решителност. Иако се занимавам со спорт целиот свој живот, најголемиот напредок го постигнав кога одлучив да вклучам психолог во мојата подготовка. Една консултација може да промени начинот на кој гледаме на себе, на нашите цели и на процесот на достигнување на истите.

Да, физичката промена е видлива, но тоа што се случува внатрешно, ментално и емоционално, е она што ни дава сила да продолжиме и да не отстапуваме од нашите цели. Моето искуство со психолог ми помогна да го разберам вистинскиот значање на мотивацијата, организацијата и истрајноста. Со вистинската психолошка поддршка, секоја промена станува полесна и достижна.

Борче Трпковски

Персонален и фитнес тренер

Доколку сакате да го направите Вашиот прв чекор кон подобро здравје, контактирајте го Борче на неговите социјални мрежи.

Facebook, Instagram