„Вистина“ е првата песна на 18 годишната Мирјана Митрева

од October 12, 2021 0 коментари

18 годишната Мирјана Митрева е вистинско освежување на македонската музичка сцена.
Учи во Средното музичко училиште во Битола, свири пијано и гитара, а има настапувано на голем број државни и меѓународни натпревари по пеење, од каде се враќа со огромни успеси и награди.
Својот музички и вокален талент го пресликува во нејзината прва песна „Вистина“.

https://youtu.be/LYy3So6ZWdM

Музиката и аранжманот на песната се дело на Драган Илиев, стиховите ги напиша Борче Димитров а Микс и мастер направи Горан Гешовски.
Наскоро нејзиното првенче на музичката сцена ќе добие и свој видео запис, а нејзините планови се во блиска иднина да излезе со нови музички дела кои ќе бидат сигурни хитови, а Мирјана да си го најде своето место на македонското музичко небо.
Уживајте слушајќи го овој есенски хит и откријте ја „Вистината“ во нејзината песна.

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *