ВЕЗИЛКА ФЕСТИВАЛ НА АФОРИЗАМ И КАРИКАТУРА 2021

од May 17, 2021 0 коментари

По повод денот на шегата 1 Април културниот центар Везилка организираше Фестивал на афоризам и карикатура 2021 г. на тема: Легендарни битолски кабадајлуци – познати архетипни ликови, приказни, фрази од битолскиот народен говор кој поради пандемијата се пролонгира и се одржа изминатата недела.

Право на учество имаа сите креативци и шегаџии од 5-95 години и тоа во категоријата афоризам каде еден автор можеше да учествува со најмногу 10 афоризми,

и карикатура каде еден автор можеше да учествува најмногу со 3 карикатури во техника по избор на авторот и формат најмногу до А4.

Сите учесници добија сертификати за учество., а најдобрите три од секоја категорија си добија награди.

Сите дела ќе бидат објавени во публикација издадена од издавачка куќа Везилка.

Честитки за наградените.

Фотографии Игор Горко

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *