Уште едно успешно издание од Extreme Bike Team Битола:

Во време на пандемија и досега најтешките услови од кога и да било за организација на настан, успеавме да направиме приказна која долго ќе се памети. Непокорливите страсти за оваа наша пасија никогаш нема да имаат крај без разлика на се!
Многу работа, многу денови поминати на стаза, многу вложен труд во секој поглед, се со цел да овај наш настан да биди најголемиот настан на нашата планина !!!

Поздрав и благодарност од Extreme Bike Team до сите учесници од нашата и од скоро повеќето соседни држави за нивната верба во нас, до неколку илјадната публика која редовно е присутна, и на крај до нашите верни спонзори и поддржувачи на Пелистер Даунхил Куп!!!

Се гледаме в година на 10-тото издание… ни пренесоа организаторите.